Индустриските производи поскапи за 7,7 отсто

Bez autora
Sep 12 2010

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2010 година, во однос на истиот месец лани, се повисоки за 7,7 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август изнесува 107,7 отсто. Ваквото зголемување е резултат, пред се', на зголемените цени во групата енергија за 16,8 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто, капитални производи за 2,1 процент и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто. Индексот на продажните цени во секторот вадење руди и камен е повисок за 2,7 отсто, во секторот преработувачка индустрија индексот е повисок за 8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 7 отсто. Во август 2010 година, во однос на август лани, индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото, е повисок за 5 проценти.

Индустриските производи поскапи за 7,7 отстоПродажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2010 година, во однос на истиот месец лани, се повисоки за 7,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август изнесува 107,7 отсто. Ваквото зголемување е резултат, пред се', на зголемените цени во групата енергија за 16,8 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто, капитални производи за 2,1 процент и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.

Индексот на продажните цени во секторот вадење руди и камен е повисок за 2,7 отсто, во секторот преработувачка индустрија индексот е повисок за 8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 7 отсто. Во август 2010 година, во однос на август лани, индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото, е повисок за 5 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik